Ирачкиот премиер Нури Ел Малики рече дека ќе поднесе оставка

Малики рече дека ќе го подржи мандаторот Хајдар Ал Абади кој беше назначен да ја формира новата влада

92139
Ирачкиот премиер Нури Ел Малики рече дека ќе поднесе оставка

Во Ирак владееше криза меѓу новиот ирачки претседател Фуад Масум и Малики околу формирањето на новата влада.
Националната шиитска коалиција во Ирак, членот на Коалицијата Правна држава и потпретседател на парламентот Хајдар ал-Абади го предложи за кандидат за премиер. Веднаш потоа претседателот Фуад Масум на 11 август Абади го назначи за мандатор за формирање на новата влада.
Ирачкиот премиер и лидер на Коалицијата Правна држава Нури Ел Малики, остро реагираше на назначувањето на Абади од страна на претседателот Масум за мандатор за формирање на новата влада и овој настан го осуди со зборовите дека тоа претставува удар врз уставот на Ирак. Малики дури се пожали на федералниот суд.
Премиерот Нури ел Малики во последно време беше изложен на остри критики, внатрешен и надворешен притисок поради неможноста за формирање Влада на национално единство, како и недоволната дистинкција наспроти сите групи во Ирак кој има сложена етничка и секташка структура, поради што беше принуден да поднесе оставка.
Курдите, сунитските групи, шиитскиот лидер Али Састани и шиитските групи кои се против Малики имаат срдечен став кон мандаторот Абади кој се подржува од страна на Вашингтон и Техеран.


Тагови:

Слични вести