Безбедносен коридор за излез на Језидите

Расте загриженоста за состојбата на 50 илјади Језиди кои поради заканата од организацијата ИДИЛ

85538
Безбедносен коридор за излез на Језидите

За Језидите кои пребегнаа во планините поради заканата од ИДИЛ беше формиран безбедносен коридор за излез.
Досега се спасени 10 илјади Језиди.
Расте загриженоста за состојбата на 50 илјади Језиди кои поради заканата од организацијата ИДИЛ, која пред една недела ја презедоа контролата над Синџар, пребегнаа и се засолнаа во планините.
Единствениот парламентарец од Језидско потекло во ирачкиот парламент Фејјан Дахил рече дека за доставување помош на овие луѓе ни преостанаа уште еден или два дена, бидејќи веднаш потоа ќе започне нивното масовно убиство.
Продолжуваат активностите за евакуација во безбедносните зони на околу 50 илјади Језиди кои поради закана од тероризмот на ИДИЛ беа принудени да пребегнат во планините.
Језидските семејства на планините дури по двочасовно пешачење можат да пристигнат до местата акде што се наоѓаат возилата за пренесување.
Искористувајќи ги безбедносните коридори отворени од страна на пешмергите, Језидите со возила се евакуираат во Сирија.
Во меѓувреме, во некои подрачја продолжуваат судирите меѓу милитантите на организацијата ИДИЛ и першмергите.
Ирачката армија со воздушни операции ги подржува пешмергите.
Американската војска соопшти дека бомбардираше некои позиции на милитантите на ИДИЛ кои отворија оган врз Језидите во близината на Синџар.
Во нападите беа погодени неколку оклопни транспортери на ИДИЛ како и еден камион.
Од друга страна пак, нападите на ИДИЛ во Ирак наидоа на демонстрации и протести од страна на Језидите и Курдите кои што живеат во Германија.
На демонстрацијата што беше одржана под покровителство на Европската федерација на Језидите, учествуваа голем број организации и претставници на различни германски политички партии.


Тагови:

Слични вести