САД го објави очекуваното соопштение во врска со масакрот во Ирак

Американскиот претседател Барак Обама издаде наредба за воздушна операција наспроти заканата од ИДИЛ

83291
САД го објави очекуваното соопштение во врска со масакрот во Ирак

Обама рече дека американските војници нема да се испратат во регионот да војуваат.
Во врска со последните случувања, Барак Обама на ненајавената прес конференција што ја одржа во Белата куќа рече дека биле усвоени две нови одлуки.
Обама во изјавата потенцираше на масакрите на ИДИЛ и рече дека во случај силите на ИДИЛ да напредуваат кон Ербил, тогаш ќе извршат целни воздушни напади.
Обама меѓудругото потсети дека во Ербил се наоѓаат американски дипломати и нагласи дека во случај да се ризикуваат животите на американскиот персонал, тогаш ќе ги бомбардираат милитантите на ИДИЛ.
Надоврзувајќи се на драмата во Синџар, Обама рече дека американските сили располагаат со доволен капацитет да го спречат масакрот и подвлече дека нема да се игнорираат случувањата во регионот.
Во регионот беше доставена хуманитарна помош рече Обама истакнувајќи дека помошта во храна и вода, односно пакетите со помош беа доставени од воздух.
Од друга страна пак, американскиот државен секретаријат за одбрана Пентагон соопшти дека бомбардирањето во Ирак не беше извршено од страна на американските сили.


Тагови:

Слични вести