Турските граѓани во странство гласаат за новиот претседател

Продолжува гласањето на турските граѓани во странство за избор на новиот претседател.

77283
Турските граѓани во странство гласаат за новиот претседател



Освен на царинарниците, турските граѓани можат да гласаат во 103 изборни единици во 54 земји.
Во Германија, каде што најмногу живее турска популација, граѓаните на гласачките места одат на гласање според претходно закажаните термини.
Граѓаните од турско потекло во Германија гласаат во седум посебни гласачки места.
Само во главниот град Берлин гласаат 140 илјади регистрирани гласачи. Бидејќи поголемиот број од гласачите се наоѓаат на одмор во Турција, истите гласаат на граничните премини во Турција.
Турските граѓани во Германија изразија големо задоволство поради можноста што првпат ќе можат да гласаат во земјата во која престојуваат.
Гласањето во другите земји исто така продолжува без проблеми. Гласачите кои не ќе можат да гласаат на закажаниот термин, до 10 август ќе можат да гласаат на гласачките кутии на граничните премини.
По завршувањето на гласањето, гласачките ливчиња ќе се наполнат во вреќи и со дипломатски карго ќе бидат испратени за Турција. Рангирањето и одбројувањето на овие гласови ќе се изврши во Турција.


Тагови:

Слични вести