Поддршка на САД на иницијативите на Турција

Без прекин продолжуваат турско –американските контакти со цел постигнување на прекин на огнот меѓу Палестина и Израел

74123
Поддршка на САД на иницијативите на Турција

Портпаролот на американскиот државен секретаријат за надворешни работи Џен Псаки на редовната конференција за печатот меѓу другото изјави дека без прекин продолжуваат турско –американските контакти со цел постигнување на прекин на огнот меѓу Палестина и Израел.

Псаки додаде дека Турција има големо влијание врз Хамас.

Псаки во продолжение истакна дека американските дипломати се во постојан контакт како со турските така и со катарските дипломати, дека засега не контактираат со претставници на Хамас, но дека Турција и Катар посредуваат со Хамас заради постигнување на прекин на огнот во Газа.

Псаки ја повтори загриженоста на САД за големиот број загинати цивили и рече дека вистинска трагедија е загинувањето на деца, така што апелира и до двете страни да бидат повнимателни.



Тагови:

Слични вести