Израелските напади на Газа не престануваат

24 лица загинаа во израелското бомбардирање на Џебалија населба кај Газа синоќа околу полноќ

74125
Израелските напади на Газа не престануваат

17 лица сите членови на едно семејство загинаа во бомбардирањето на Хан Јунус , исто така кај Газа.

Голем број куќи биле сравнети со земја во бомбардирањето на Рефах.

Жителите на Газа и на околните населби ги напуштаат своите домови и се преселуваат во побезбедни места.

Израелската армија освен цивили напаѓа и хуманитарци кои носат хуманитарна помош на жителите на Газа.

Двајца претставници на Обединетите Нации загинале во напад на нивното службено возило.
Од бомбардирањето не беше поштедена ниту единствената електрична централа во Газа и резервоарот, така да без струја останаа домови, училишта и болници.

Министерството за здравство на Палестинската држава соопшти дека 128 лица загинале во израелските напади на Газа и околината.

Со тоа бројот на досега загинатите Палестинци од 7 јули кога започна бомбардирањето на газа се искачи на 1200.


Тагови:

Слични вести