Во Парис се содржа состанок посветен на Газа

72411
Во Парис се содржа состанок посветен на Газа

Во рамките на напорите за постигнување сеопфатно примирје во Газа, министрите за надворешни работи на клучните земји се состанаа во Парис.
На состанокот, заедно со министрите за надворешни работи на Турција, Катар и САД, учествуваа и министрите на ЕУ, Германија, Франција, Италија и Англија.
На разговорите беа разменети мислења во врска со иницијативите за воспоставување трајно примирје.
Во тие рамки беше постигната согласност за мобилизирање на сите можности и преземање на потребните иницијативи за воспоставување трајно примирје.
Министерот за надворешни рабти Ахмет Давутоглу во изјавата за печатот по состанокот рече дека имаме за цел да се воспостави одржливо примирје. Се до последниот момент многу се доближивме до целт. Но за жал Израелго оодби предлогот. Ние ќе продолжиме со иницијативите без да ја изгубиме надежта.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус рече дека сите бараме веднаш да се обезбедат потребните можности за постигнување социо-економски развој на Палестина како и намирување на барањата на Израел.
Министерот Ахмет Давутоглу по состанокот во резиденцијата на амбасадата на РТ во Парис се состана со амриканскиот државен секретар Кери и катарскиот министер за надворешни работи Атијах каде што направија проценка на последните случувања.
Со учество на инволвираните страни идната недела ќе се одржи уште еден состанок за изнаоѓање решение на спорот.


Тагови:

Слични вести