Состанок на СБ на ОН посветен н Газа

66226
Состанок на СБ на ОН посветен н Газа

СБ на ОН рано изутрина одржа состанок посветен на израелските воздушни напади на Газа. За жал на состанокот повторно не беше усвоена резолуција против оваа земја.
На состанокот на СБ на ОН кој беше свикан на барање на Јордан и неполноправната членка Палестина по повод разгледувањето на израелските напади на Газа, под закана на ветото на САД, повторно не беше усвоена резолуција.
На крајот на состанокот од страна на привремениот претседател на СБ на ОН за месец јули, постојаниот претставник на Руанда во ОН Еугене Ричард Гасана беше прочитано соопштението за печатот кое нема никаков обврзувачки карактер. Во соопштението беше изразена загриженост од евентуалниот пораст на судирите во регионот како и бројот на загинатите, поради што се упатува повик за што поскоро окончување на судирите и покажување поголем респект кон меѓународното хуманитарно право.
Амбасадорот Гасана рече дека напорите на Египет и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за прекин на огнот и што поскоро воспоставување примирје привлекоа големо внимание, апелирајќи за враќање на кон примирје од ноември 2012 година што беше постигнато меѓу Израел и Палестина.
Постојаниот палестински претставник во СБ на ОН Ријад Мансур пак во изјавата за печатот изрази разочарување по повод неусвојувањето резолуција на состанокот на СБ на ОН.
Мансур рече дека Палестина очекуваше израелските напади барем да се осудат со усвојување резолуција. Ќе продолжиме да чекаме и ќе видиме колку почит ќе има Израел кон декларацијата за печатот што беше усвоена од страна на СБ на ОН.


Тагови:

Слични вести