48 лица во Сирија загинаа во напади на силите на Бешар Асад

Нападите биле извршени од воздух со барел бомби и од копно со ракети земја- земја испукани од хаубици

119374
48 лица во Сирија загинаа во напади на силите на Бешар Асад

Билансот од нападот на силите на Бешар Асад на опозицијата во неколку градови во Сирија деновиве изнесува 48 лица од кои 11 деца и 3 жени, соопшти Организацијата за следење на почитувањето на човековите права во Сирија. Нападите биле извршени од воздух со барел бомби и од копно со ракети земја- земја испукани од хаубици.

Месниот комитет за координација на Сирија соопшти дека во нападите на сириската армија на подрачјата под контрола на опозицијата во Алепо биле оштетени или целосно уништени голем број куќи. Армиски хеликоптери исфрлиле неколку барел бомби на населеното место Мари северно од Алепо. Во нападот загинале или биле повредени голем број цивили. Во индустриската зона на Алепо се воделе жестоки борби меѓу силите на Асад и на опозицијата.

Сириската официјална новинска агенција САНА ослонувајќи се на воени извори соопшти дека во операциите на силите за безбедност реализирани во неколку градови во земјата биле убиени голем број припадници на вооружени групи.

 


Тагови:

Слични вести