Зголемен напнатоста во окупираните територии во Палестина

116349
Зголемен напнатоста во окупираните територии во Палестина

По киднапирањето и убиството на тројца израелски граѓани, вчерашното киднапирање и убиство на еден 16 годишен Палестинец и тоа на сред бел ден, ја зголеми напнатоста во окупираните територии.
Палестинскиот претседател Махмут Абас упати критики на сметка на Израел во врска со апсењето на Палестинците без оглед на нивната возраст од страна на израелските војници, израелскиот воздушен напад врз Газа како и палењето на куќите на Палестинците.
Абас потсети дека во рамките на израелските операции беа убиени голем број Палестинци, упатувајќи повик до владата на Нетанјаху да ги напушти методите на масовно казнување на Палестинците.
По повод убиството 16 годишниот Палестинец и израелските напади, во Западниот брег и Ерусалим беа одржани протести.
Во судирите во Ерусалим загинаа 70 лица.
Кревањето во воздух на една куќа во близината на градот Халил во Западниот брег од страна на израелските сили во која се наоѓаа 5 деца, предизвика голем гнев кај народот.
Родителите и постарите браќа на загинатите деца пред еден месец беа приведени под обвинение дека сакале да убијат еден израелски полицаец.
Израелските војници на острите реакции на Палестинците во врска со кревањето во воздух, одговорија со солзавец и пластични куршуми.
Во судирите беа повредени 7, а десетици лица се онесвестија од солзавецот.
Израел, за убиството на тројцата Евреи го обвинува Хамас. Додека Хамас остро ја демантира одговорноста за убиството.
За убиството на 16 годишниот Палестинец кој присилно беше качен на едно возило во Источен Ерусалим, а чие изгорено тело беше пронајдено во една шума, се претпоставува дека било сторено од страна на еврејските доселеници.


Тагови:

Слични вести