52.состанок на партнерскиот совет ЕУ- Турција

Партнерскиот совет е највисокиот одлучувачки орган меѓу Европската Унија и Турција

103911
52.состанок на партнерскиот совет ЕУ- Турција

Во Луксембург започна 52.состанок на партнерскиот совет ЕУ- Турција

Партнерскиот совет е највисокиот одлучувачки орган меѓу Европската Унија и Турција.

Турција на состанокот ја претставува министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со Европската Унија Мевлут Чавушоглу, а Европската Унија привремениот претседавач со Унијата и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос и Штефан Филе европски комесар задолжен за проширувањето и добрососедските односи.

На состанокот се разгледуваат општи прашања. Политичките посматрачи истакнуваат дека се очекува на состанокот да стане збор за преговарачкиот процес кој е во тек во Турција со цел престанување на терористичките активности и за неговиот динамизам. Се очекува европската страна да се задржи на значењето на приемот на Турција во Унијата но и на резервите за одредените чекори кои во последниот период ги презема турската влада.

Се очекува исто така да се стави акцент на регионалната улога на Турција и на нејзиното стратегиско значење, освен тоа да се пофали динамизмот на турската економија и активниот политички дијалог што се води во земјава со цел да им се стави крај на терористичките активности.

Други прашања за кои се очекува европската страна за стави одредени забелешки или да изрази загриженост се одредени законски измени реализирани во последниот период во Турција , потоа одредени измени во сферата на основните човекови права и слободи, како и ставот на Турција во врска со анексот на протоколот.



Тагови:

Слични вести