Во Авганистан загинале тројца американски војници
Американски воени претставници соопштија дека војниците загинале од бомба поставена крај патот
Тројца американски војници загинале во бомбашки напад во југот на Авганистан.
Американски воени претставници соопштија дека војниците загинале од бомба поставена крај патот. НАТО не издаде било какво соопштение во врска со инцидентот.
Инаку се очекува американските војници до крајот на годинава да се повлечат од Авганистан. Вашингтон соопшти дека после повлекувањето на американските сили од Авганистан во земјата привремено ќе останат околу 9 500 американски војници.
Во меѓувреме кандидатот за иден претседател на Авганистан Абдулах Абдулах се обрати во ОН со барање да се поништи вториот круг од претседателските избори поради нерегуларности кои биле забележани на гласањето. Тој соопшти дека нема да го признае резултатот од изборите.
Мандатот на актуелниот претседател на Авганистан Хамид Карзаи истекува на 2.август годинава . Тој го прифати предлогот обединетите нации да испратат набљудувачи на изборите, а во меѓувреме се очекува симпатизерите на Абдулах Абдулах да одржат демонстрации во Кабул.
Се очекува резултатите од вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 14 јуни да се објават на 2.јули.