ИСИД освои 3 села кај Тузхурмату

. Борбите за селата траеле околу два часа, по што во вечерните часови контролата ја презела ИСИД

99146
ИСИД освои 3 села кај Тузхурмату

Терористичката организација ИСИД освоила 3 села кај Тузхурмату кое гравитира кон центарот Салахадин во Ирак.

Станува збор за селата Чардагли, Бирајџили и Караназ на околу 15 километри од Тузхурмату и населени со Туркмени. Борбите за селата траеше околу два часа, по што во вечерните часови контролата ја презела ИСИД.

Хади Керим од селото Караназ рекол дека ИСИД го бомбардирал селото со гранати, и дека селаните кои што го бранеле селото биле принудени да го напуштат откога им се потрошила сета муниција.

Во нападот на ИСИД на селото загинале тројца селани, додал Керим.

 

 


Тагови:

Слични вести