Над 20 лица загинаа а над 50 се повредени во Телафер

Во Телафер и околината нема војници на регуларната ирачка армија така што градот го бранат полицијата поддржана од населението

96291
Над 20 лица загинаа а над 50 се повредени во Телафер

Шахап Чолак потпретседател на Туркменскиот Фронт на Ирак преку Турската Радио и Телевизија ТРТ го запозна светот со сето она што од вчера се случува во Телафер, град во Ирак во кој претежно живеат Туркмени. Чолак рече дека Телафер е под опсадата на припадници на терористичката организација ИСИД која претходно го зазеде Мосул. Во Телафер и околината нема војници на регуларната ирачка армија, така што градот го бранат полицијата поддржана од населението. Над 20 лица загинаа а над 50 се повредени во непрестаното бомбардирање на Телафер од страна на ИСИД, но сепак имаме надеж во Турција за која знаеме дека секогаш ќе не поддржува, истакна Шахап Чолак.



Тагови:

Слични вести