Асад победи на изборите во Сирија

83691
Асад победи на изборите во Сирија

Објавени резултатите на претседателските избори во Сирија кои се одржаа под сенката на дискусиите за легитимноста.
Претседателот на сириското собрание рече дека според неофицијални резултати, Асад освои 88,7 насто од гласовите.
Претседателот на собранието рече дека одѕивот на Сиријците на изборите изнесуваше 73,42 насто.
ЕУ изборите ги оцени за нелегитимни.
Катрин Аштон, високата претставничка за надворешни работи и безбедносната политика на ЕУ рече дека изборите во Сирија нанесоа штета на политичките напори за изнаоѓање решение на ужасното прашање во Сирија, поради што ЕУ овие избори ги смета за нелегитимни.
Изборниот закон на Сирија има недостатоци рече Аштон, нагласувајќи дека беше спречена кандидатурата на лидерите на опозицијата кои се наоѓаат во прогонство и беше спречен пристапот до изворите за информации за алтернативна кампања.
Аштон меѓудругото рече дека изборите што се одржаа на 3 јуни не можат да се третираат за демократски.
И натаму продолжуваат воените операции на силите на режимот на Асад во кои досега загинаа над 150 илјади лица, 6,5 милиони беа принудени да се иселат, а 2 милиони се наоѓаат во позиција на бегалци во соседните земји, рече Аштон нагласувајќи дека изборите во Сирија треба да се одржат во поволни услови околу кои ќе биде постигната меѓународен компромис.


Тагови:

Слични вести