Предупредување од Либан до сириските бегалци

80035
Предупредување од Либан до сириските бегалци

На само два дена пред дискутабилните претседателски избори во Сирија, Либан ги предупреди сириските бегалци.
Либанските власти соопштија дека бегалците кои ќе заминат на гласање во Сирија, нема да се примат назад во Либан.
Либан ги предупреди бегалците дека сите оние кои што ќе заминат да гласаат во Сирија, ќе го изгубат статусот на бегалци.
Во меѓувреме, пофалните зборови на кандидатот за претседател Хасан Ел Нури кои ги изрече за конкурентот Бешар Асад предизвикаа изненадување.
Хасан Ел Нури рече дека е свесен дека неговиот противник е посилен. Свесен сум дека се натпреварувам со претседател кој 14 години се наоѓа на власт, рече Ел Нури.
Ел Нури рече дека Асад од политички аспект добро раководи со земјата, додека економијата на земјата во последните 10 години е во лоша состојба.


Тагови:

Слични вести