Договор за гас меѓу Украина и Русија
78492
Вчера во Берлин се одржа новата рунда од трилатералните преговори за енергетска безбедност меѓу ЕУ, Украина и Русија.
Во соопштението што беше објавено по средбата беше истакнато дека сеуште има потреба од изнаоѓање решение на некои проблеми поради што страните во понеделник ќе се состанат во Брисел.
Украина соопшти дека на сметката на руската компанија Газпром уплатиле 800 милиони долари, која сума во понеделник се очекува да легне на сметката на Гаспром.
Русија соопшти дека преговорите ќе можат да продолжат откако ќе легнат парите на сметката на Гаспром.