ПЕТР ПОРОШЕНКО ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО УКРАИНА

Порошенко кој беше изборен фаворит според првичните изборни резултати доби 55,9 насто од гласовите на украинските избирачи

73883
ПЕТР ПОРОШЕНКО ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО УКРАИНА

Петр Порошенко излезе како победник од претседателските избори во Украина. Порошенко кој беше изборен фаворит според првичните изборни резултати доби 55,9 насто од гласовите на украинските избирачи. На второто место е Јулија Тимошенко со 12.9 насто.

Веднаш после објавувањето на се уште неофицијалните изборни резултати победникот Петр Порошенко изјави дека првата работа како иден претседател на Украина ќе му биде окончувањето на војната и дека за тоа веднаш ќе отпатува за Донецк. Порошенко додаде дека Украина и понатаму ќе го зачува територијалниот интегритет и апсолутно не доаѓа во предвид федерализација на земјата.

 


Тагови:

Слични вести