Турција официјален партнер на саемот ИЛА во Берлин

70139
Турција официјален партнер на саемот ИЛА во Берлин

Турција е официјален партнер на годинашниов Меѓународен саем за воздухопловство ИЛА во Берлин кој има значајно место во одбранбената индустрија.
На денешното свечено отворање на саемот ќе учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за транспорт, поморство и комуникации Лутфи Елван.
Вниманието на светската јавност до 25 мај ќе биде свртено кон главниот германски град Берлин каде што се одржува саемот.
Министерот за транспорт, поморство и комуникации Лутфи Елван во рамките на посетата на Берлин рече дека Турција во последните години фрли значајни чекори во полето на одбранбената индустрија.
Степенот на извозот на одбранбената индустрија на Турција изнесува над 1.1 милијарда евра, рече министерот Елван нагласувајќи дека Германија бара да соработува си некои компании во Турција.
На саемот ИЛА кој ги опфаќа цивилно воздухопловните и вселенски активности, секоја година учествуваат најмалку 230 илјади претставници од 1200 фирми од 40 земји како и 3600 претставници на печатот.
Компаниите на саемот имаат можност ги претстават и промовираат најновите технолошки достигнувања во полето на воздухопловството и вселенските активности и тоа од аспект на опремата, техничкото одржување од страна на надлежните компании како и сертификационите тела.
Турција на Меѓународниот саем за воздухопловство ИЛА во Берлин ја претставуваат водечки домашни компании во одбранбената индустрија.
Со учество на компаниите ТАИ, Хавелсан, Рокетсан, ТУБИТАК Узај и Туркиш ерлајнс, турските компании своите достигнувања ќе ги промовираат на површина од 865 метри квадратни.
На саемот ќе бидат промовирани 2 авиони од типот Ф 16 Соло Турк, 1 авион Ц-160, 2 авиони Ф-4 и 1 AEW.

 


Тагови:

Слични вести