Странски печат 26.08.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1697550
Странски печат 26.08.2021

Францускиот весникЛе Монд“: Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не го прифати барањето за укинување на задолжителното вакцинирање на пожарникарите во Франција, против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Францускиот весникЛе Фигаро“: Според една анкета во врска со претседателските избори во Франција водат Марин Ле Пен и Емануел Макрон.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Спортскиот директор на францускиот фудбалски клуб Париз сен Жермен Леонардо Араужо рече дека Килиан Мбапе не ја прифатил понудата на Реал Мадрид, но дека доколку тој самиот сака да оди нема да биде задржан.

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Милиони Авганистанци на прагот на глад... Додека Светската програма за храна (ВФП) дава аларм, Светската здравствена организација (СЗО) ја разгледува епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Авганистан.

Јорданскиот весник Ал Дустур“: Светската здравствена организација (СЗО) соопштува дека брзината на ширење на новиот тип коронавирус (Ковид-19) почнува да добива стабилност.

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Катар ги забрзува своите дипломатски напори во Авганистан.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателот на автономниот град Цеута кој е шпанска територија Хуан Хесус Вивас по одржаниот состанок донесеоа одлука „во најскоро можно време да се стапи во акција“ за враќање назад на мароканските деца кои доаѓаат во Цеута.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Во новата учебна година во Шпанија ќе се обезбеди „максимално вклучување на учениците во наставата“ и ќе се зголеми растојанието меѓу клупите во училниците.

Венецуелскиот телевизиски канал„ТелеСур“: Новата здравствена екипа од Куба пристигна на Хаити кадешто ќе учествува во здравствените услуги во областите погодени од неодамнешниот силен земјотрес.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека за зачувување на придобивките во Авганистан треба да продолжи дијалогот со Талибан.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Според руските научници почна да се активира вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Претседателот на руската Државна вселенска корпорација (Роскосмос) Дмитриј Рогозин истакна дека за церемонијата на лансирање на „Сојуз МС-19“ планирано за 5 октомври ќе ги покани Илон Маск, Ричард Брансон и Џеф Безос.

Руската новинска агенција „РБК“: На аеродромот Подмосковје слетаа 4 руски авиони коишто беа испратени во Авганистан за евакуација.

 



Слични вести