Странски печат 25.08.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1697147
Странски печат 25.08.2021

 

Саудискиот весник „Ал-Кудс ал-Араби“ кој се објавува во Британија истакнува дека беше погребан (15-годишниот) палестински млад кој беше убиен од израелските војници на северот на Западниот Брег.

Арапскиот весник „Ал-Кудс ал-Араби“ кој се објавува во Британија, во една друга вест истакнува дека по прекинот на (дипломатските) односите од страна на АЛжир, мароко изрази жалење за овој развој на случувањата и надеж дека ќе помине“.

Катарскиот весник „Ал-Раје ал-Катарија“ истакнува дека Катар е важна транзитна точка за евакуација на заробените луѓе од Авганистан.

Германскиот портал „tagesschau.de“ ја објавува изјавата на шефот на германската Агенција за вработување, Детлеф Шиле кој рече дека секоја година на Германија и требаат 400.000 имигранти и ја повика владата да прими повеќе емигранти. Работната сила во Германија истекува“, рече Шил.

Германскиот портал „Welt.de“ ја објавува изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која на  Самитот на Г7 рече дека „Без САД, не можеме да продолжиме со евакуација од Кабул“.

Германски „Дојче веле“ го објавува соопштението на Талибанците кои објавија дека на Авганистанците нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува дека според една нова студија во врска со Ковид-19, ефикасноста на вакцините Пфизер и Модерна против варијантата Делта се намали на 66 проценти.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека Светската банка ја прекина помошта за Авганистан ивладее загриженост за состојбата на жените.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека во рамките на борбата против Ковид-19 на францускиот остров Мартиник, целосното затворање е продолжено за уште три недели.

Шпанскиот весник „Ла Вангуардија“ истакнува дека (Американскиот претседател Џо) Бајден и покрај критиките инсистира повлекувањето од Кабул да заврши до 31 август.

Аргентинскиот весник „ Инфобае“ истакнува дека 70% од населението на Уругвај прими две дози вакцина против коронавирус.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“ истакнува дека  идентификуван е молекуларен механизам што може да предвиди тешки симптоми Ковид-19.

Рускиот весник „Газета.ру“ ја објавува изјавата на претставникот на канцеларијата на Талибанците во Катар кој рече дека Талибанците имаат добри односи со Русија и Кина.

Агенцијата „Регнум“ истакнува дека јавниот долг на Русија во првите 6 месеци од 2021 година достигна 20,4 трилиони руби (што изнесува 17,7% од бруто домашниот производ).

Агенцијата „ТАСС“ истакнува дека по инструкција на претседателот Владимир Путин, Руското министерство за одбрана ќе евакуира повеќе од 500 граѓани на Русија, Украина и земјите -членки на Организацијата за колективна безбедност од Авганистан.

 



Слични вести