Странски печат 24.08.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1696224
Странски печат 24.08.2021

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган води интензивни дипломатски разговори по прашањето на Авганистан.

Оманскиот весник Ал Ватан“: Во хаосот на Аеродромот во Кабул во Авганистан животите ги загубија неколку деца, а неколку деца се водат како исчезнати.

Ирачкиот весник „Ал Земан“: Американски и европски извори информираат дека е невозможно да се реализираат евакуациите од Авганистан во предвидениот рок, додека Талибан одбива да го продолжи дадениот рок за повлекување.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Сигнал за оставка од германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер која се наоѓа во фокусот на критиките поради доцнењата во евакуацијата на германските и локалните службеници од Авганистан, а која рече дека е спремна да ја преземе одговорноста за донесените одлуки.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Германската влада сака да ја укине класификацијата за ризик којашто важеше досега во борбата против пандемијата. Наместо тоа како нова мерка сака да се земе во предвид процентот на пополнетост на болниците.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: САД и Германија планираат да изградат места за сместување при итни состојби. Приближно 4 илјади лица евакуирани од Авганистан можат да бидат привремено сместени во базите на САД во Баварија и Рајнланд-Пфлац.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Пет мина Авганистанци однесени во Франција се приведени со тврдење за поврзаност со Талибан.

Францускиот весникЛе Монд“: Ставен под контрола, но се уште не е изгаснат пожарот во областа Вар во Франција.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Според изјавата на францускиот министер за здравство Оливиер Веран, почнувајќи од септември лицата над 65 години можат да се вакцинираат со третата доза вакцина против Ковид-19.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ одобри на Русија средства во износ од 17,5 милијарди долари од Специјалните права за влечење (СПВ).

Рускиот весник „Росискаја Газета“: Руското министерство за надворешни работи истакна дека Русија може да ги постигне своите цели и без испорака на природниот гас низ териториите на Украина.

Руската новинска агенција „РБК“: Во периодот јануари-јули 2021 година Турција ја посетија повеќе од 1,5 милиони руски туристи.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Новата учебна година во Шпанија ќе започне во септември со вакцинација на половината од средношколците и гимназијалците.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: САД издадоа целосно одобрение за вакцината на Фајзер и БиоНТек.

Венецуелскиот телевизиски канал„ТелеСур“: Аргентина во понеделник од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доби 4 милиони 355 илјади долари.

 



Слични вести