Странски печат 03.08.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1684600
Странски печат 03.08.2021

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Во Германија ќе можат да се вакцинираат и децата над 12 години, а воедно е донесена одлука за применување на дополнителна доза вакција на ризичните групи.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Компаниите во Германија не размислуваат да воведат задолжителна вакцинација за вработените.

Германскиот информативен портал „Handelsblatt.de“: Производителите и корсниците на возила во Германија се откажуваат од дизел возилата. Делот на новите произведени дизел возила во земјата опадна на испод 20 отсто, што претставува најголем пад во историјата.

Оманскиот весник Ал Ватан“: Бразилските истражувачи предупредуваат дека новиот тип коорнавирус (Ковид-19) може да ја зарази ретината. Освен тоа постои загриженост од појава на варијанта на вирусот издржлива на вакцина.

Ирачкиот весник Ал Земан“: Властите во Техеран се закануваат дека ќе одговорат на одредена авантура, напад, на којшто би биле подложени.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Носорозите се соочуваат со опасност од целосно истребување.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Група научници во пештерите Ардалес открија цртежи за кои што е установено дека се најстарите цртежи на светот и дека се дело на Неандерталците.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во Шпанија повеќе од половината од населението над 20 години ја прими првата доза вакцина против ноивот тип коронавирус (Ковид-19).

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Брзината на вакцинација во Венецуела не се одвива според предвиденото.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Во Франција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 51 лице, 1.232 заболени се наоѓаат на интензивна нега.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Францускиот претседател Емануел Макрон по прашањето на Либанската конференција посакува нов пакет за помош, како и да се воспостави притисок врз лидерите.

Рускаиот информативен портал „Lenta.ru“: Во бурата во Тверската област во Русија животите ги загубија 3 лица, а 15 лица се повредени.

Рускиот информативен портал „Sport-express.ru“: Руската машка одбојкарска репрезентација во полуфиналето на Олимписките игри Токио 2020 ќе игра против Бразил.

Рускиот весник „РБК“: Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) ја соопшти причината на барањето за напуштање на земјата на 24 руски дипломати. Секретаријатот информира дека руските дипломати поради тоа што им истекува рокот на визите можат да достават барање за нивно продолжување, дека станува збор за поднесување барање еднаш на секои 3 години и дека поднесувањето барање за продолжување на рокот на визите не претставува ново применување.

 



Слични вести