Странски печат 02.08.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1683886
Странски печат 02.08.2021

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Продолжуваат шумските пожари во Медитеранот, во Турција, Италија и  во Грција.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германија воведе задолжителни тестови за коронавирус  за сите патници кои ќе влезат во земјата.

Швајцарскиот информативен портал „nau.ch“: Американскиот претседател Џо Бајден и го честита 1 август Националниот празник на Швајцарија.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Опремена екипа од Меѓународната група за пребарување и спасување на Катар замина за Турција за да учествува во работите за гаснење на шумските пожари.

Ирачкиот весник Ал Земан“: Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека заврши воената мисија во Ирак и дека се премина кон нова воена соработка.

Оманскиот весник Ал Ватан“: Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека претходно соопштените мерки против коронавирусот како што се маската, физичкото растојание и сл. можат да го сопрат ширењето на делта варијантата.

Францускиот весникЛе Монд“: Владата на Франција во периодот на пандемијата на Ковид-19 економската помош ќе ја преуреди според прекуокеанските региони.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин вети дека почнувајќи од денеска ќе бидат ставени во примена нови мерки против насилството во семејството.

Белгискиот весникЛе Суар“: Мароканскиот крал чувствува загриженост од тензиите помеѓу неговата земја и Алжир.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Женската венецуелска спортистка Јулимар Рохас освојувајќи го првиот олимписки златен медал го собори светскиот рекорд и стана легенда во дисциплината трискок со прескокнати 15,67 метри.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Фајзер и Модерна ги покачија цените на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19) коишто и ги продаваат на Европската унија (ЕУ).

Шпанската новинска агенција „ЕФЕ“: Иако во некои области во Шпанија сѐ уште е висока бројката на случаи е прекината брзината на ширење на петтиот бран на Ковид-19.

Руската новинска агенција „Интерфакс“: Најголемата компанија за природен гас на Русија „Газпром“ почнувајќи од 31 јули ја намали испораката на гас во постројките за подземно складирање во Европа, како што се Хаидах во Австрија, Рехден во Германија и Бергермер во Холандија.

Рускиот весник „Комерсант“: Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин истакна дека пандемијата на коронавирусот доведе до загуби за Москва во износ од над 600 милијарди рубљи.

Рускиот весник „Известија“: Командантот на американската морнарица во Европа и Африка адмирал Роберт Бурк соопшти под кои услови бродовите на НАТО во Црното Море можат да извршат напад врз руската флота.

 



Слични вести