Странски печат 30.07.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1682810
Странски печат 30.07.2021

Катарскиот весник „Ал-Раја Ал-Катарије“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека „Турција нема да се потклекне пред уцените и заканите“.

Весник „Ал-Земан“ истакнува дека во близината на американската амбасада во главниот град Багдад беше извршен ракетен напад.

Оманскиот весник „Ал-Ватан“ истакнува дека Бахреин им забрани влез на оние што заминуваат од 16 земји поради вирусот.

Францускиот меѓународен телевизиски канал „Франс 24“ истакнува дека болниците во Сенегал доживуваат густина на пациентите поради третиот бран од новиот тип на коронавирус (Ковид-19).

Францускиот весник „Ле Матин“ истакнува дека лицето кое тргуваше со лажни сертификати за вакцина „Ковид“ во Франција, беше осудено на 1 година затвор.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека според една студија, една третина од оние што излегле од затвор, следната година повторно  вршат кривично дело.

Германскиот портал „zdf.de“ истакнува дека бројот на загинати во експлозијата во полето за согорување на цврст отпад во хемиска фабрика во Германија се искачи на 5.

Германскиот портал „ard.de“ истакнува дека инфлацијата во јули во Германија достигна највисоко ниво во последните 13 години и достигна 3,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Германскиот портал „zeit.de“ истакнува дека  во Израел ќе започне вакцинација со трета доза Pfizer/BioNTech на лицата над 60 години.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ истакнува дека руската вселенска агенција Роскосмос ќе испита зошто моторите на модулот „Наука“ се вклучуваат спонтано додека се спјуваат со Меѓународната вселенска станица (МВС). НАСА соопшти дека МВС не претрпе никаква штета од инцидентот и дека „Наука“ успешно се спои.

Рускиот ТВ-канал „РБК“ истакнува дека поранешниот дански министер за надворешни работи Уфе Елеман-Јенсен ги повика европските земји „проектот Северен тек-2“да го претворат во Пирова победа на Русија (Пиова победа по цена на поразително големи загуби).

Руски „Спорт.ру“ истакнува дека американскиот пливач Рајан Марфи, кој беше поразен на 200 метри грбно на Олимписките игри, тврди дека неговиот руски натпреварувач Евгениј Ралов, кој го освои златниот медал, користел допинг.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“  истакнува дека Светската здравствена организација, бремените жени ги додаде на нивната приоритетна листа за вакцинација.

Ргентиснки „Инфобае“ истакнува дека новите наоди сугерираат дека луѓето кои биле вакцинирани можат да ја пренесат варијантата Делта.

Венецуелскиот ТВ-канал „ТелеСур“ истакнува дека над 75 отсто од граѓаните над  18 годишна возраст во Аргентина се вакцинирани.



Слични вести