Странски печат 29.07.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1681980
Странски печат 29.07.2021

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Фармацевтскиот гигант на Соединетите Американски Држави (САД) „Фајзер“ очекувањата за заработка од вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто ја развија заедно со германската компанија „БиоНТек“ ги зголеми за 29 отсто и соопшти дека ќе изнесуваат 33,5 милијарди долари.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Основачкиот член на Рок групата „ZZ Top“ гитаристот Дасти Хил почина на 72-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон во Тексас, во САД.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Приближно 13 илјади истражувачи упатија повик за итно стапување во акција поради точката до која е дојдено во климатската криза.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Тунискиот претседател Кајс Саид го разреши од должност генералниот директор на државната телевизија, поради ограничувањата за толк-шоу програмите.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: На Катарскиот Универзитет секоја година ќе им се доделуваат стипендии на 30 турски студенти.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија се подготвува по трет пат да командува со Мировните сили во Либан составени од 1.300 војници.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Распределбата на фондовите на Европската унија (ЕУ) според области, уште отсега го создаде првиот конфликт помеѓу автономните заедници и Владата. Шпанската Влада се заканува со повлекување на фондовите од оние автономни заедници кои ја критикуваат распределбата.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Наставниците членови на Националната унија на просветните работници на Еквадор одржуваат протест со барање за придржување кон реформите во Законот за интеркултурно образование, усвоени од страна на претходниот Парламент.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Дванаесет членови на Републиканците во Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) и дадоа ултиматум на Владата во врска со гасоводот „Северен тек-2“. Во доставеното писмо до американската секретарка за финансии Џенет Јелен се истакнува дека доколку не бидат активирани санкциите во врска со проектот и не биде променет приодот на Владата кон овој проект, ќе биде ставено вето на назначувањата во Секретаројатот за финансии.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека вчера во Белата куќа се состанал со лидерката на опозицијата во Белорусија Светлана Тихановскаја.

Руската новинска агенција „Регнум“: Руските женски спортистки на Олимписките игри во Токио, Јапонија, освоија сребрен медал на натпреварот во веслање.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Францускиот претседател Емануел Макрон поднесе тужба против лицето кое ги подготвило билбордите на коишто се прикажува како Хитлер.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Во затворите во Франција заклучно со 1 јули има приближно 68.000 затвореници и бројот на затвореници за една година забележа раст од 15,7 отсто.

Францускиот весникЛе Монд“: Израел ја информира Франција дека го „оценува за сериозно“ случајот со шпиунскиот софтвер „Пегасус“, а официјален Париз очекува објаснување.

 



Слични вести