Странски печат 28.07.2021

Кус осврт на странските средства за информирање

1681362
Странски печат 28.07.2021

 

 

Јорданскиот весник „„Ал Дустур“ истакнува дека 225 палестински деца празникот Курбан Бајрам го поминаа во израелските затвори.

Арапскиот весник „Ал-Кудс Ал-Араби“ кој се објавува во Британија истакнува дека еден израелски весник објави напис под наслов: „Дали Мароко ќе биде трговска порта на Израел кон африканскиот континент?“

Катарскиот весник „Ал-Раја Ал-Катарије“ истакнува дека емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед Ал Сани и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган разговараа за зајакнување на стратешките односи.

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека „Поплавите во Германија ќе ги чинат осигурителните компании приближно 5,5 милијарди евра“

Германскиот портал „dpa“ истакнува дека речиси половина од населението во Германија е вакцинирано против новиот тип на коронавирус.

„Сидвест Прес“ истакнува дека  во Женева започнаа нови преговори за разоружување меѓу САД и Русија.

Шпански „Ел Мундо“ истакнува дека „Делта варијантата на новиот вид коронавирус опфаќа 68 проценти од случаите Ковид-19 во Шпанија. Зошто се шири толку брзо?“

Мексиканскиот весник „Ла Жорнада“ истакнува дека Еквадор му го укина државјанството на основачот на Викиликс, Жулијан Асанж.

Колумбискиот весник „Ел Тиемпо“ истакнува дека „Во Перу започна ерата на новиот претседател Педро Кастилјо.

Руската новинска агенција „Риа Новости“ ја објавува изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој рече дека Русија веќе се вмеша во конгресните среднорочни избори што ќе се одржат во 2022 година.

Рускиот весник „Комерсант“ истакнува дека изградбата на рускиот мразокршач и спасувачки брод „Icebreaker 7“ ја презеде турската компанија „Sefine Denizcilik Tersanecilik Turizm Sanayi ve Ticaret Anonim Şirketi“.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ Истакнува дека Рускиот политиколог (политички научник) Дмитриј Корнејчук за телевизискиот канал „NewsOne“ изјави дека Украина ќе се соочи со недостиг на гас поради отворањето на гасоводот „Северен тек-2“.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ ја објавува изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој престојува во посета на Полинезија и рече „Вакцинирајте се за себе и за Франција“

Францускиот весник „Ле Фигаро“ ја објавува изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој во врска со  нуклеарните тестови на Франција спроведени во Пацификот помеѓу 1966-1996  призна дека Франција „има долг“ кон Полинезија.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека во Париз беше ограбена продавница за накит „Шаум“ и украден накит вреден над 2 милиони евра.

 



Слични вести