Странски печат 14.07.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1675134
Странски печат 14.07.2021

 

Катарскиот весник „Ал-Раја ал-Катарије“ истакнува дека во Либан има недостиг на лекови. Багажот на оние што се враќаат во земјата се полни со лекови.

Ирачкиот весник „Ал-Земан“ истакнува дека бројот на жртвите во пожарот во болницата во Ирак изнесува над 80 лица. Во рамките на истрагата, беа приведени 13 службени лица.

Оманскиот весник „Ал-Ватан“ Истакнува дека Светската здравствена организација предупреди дека во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) не треба да се администрираат неколку различни видови на вакцини на иста личност. (еден вид вакцина ќе се администрира на едно лице).

Встрискиот весник „Ди пресе“ истакнува дека Илјадници Авганистанци од граѓанскате војна во Авганистан бегаат во Турција.

Германскиот новински портал „Zeit.de“ ја објавува изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека Сојузната влада ја отфрли задолжителната вакцинација“.

Германски „Handelsblatt.de“ во веста псоветена на потрошувачките цени во Германија истакнува дека стапката на инфлација во јуни достигна 2,3 отсто. Стапката на зголемување на цените малку се намали.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека бројот на мигранти кои умираат на море обидувајќи се да стигнат до Европа, за една година двојно се зголеми.

Францускиот весник “Ле Фигаро“ во веста посветена на борбата против Ковид-19 истакнува дека вчера во Франција беше срушен рекорд на вакцинација со 792.339 инекции.

Францускиот меѓународен телевизиски канал „Франс 24“ истакнува дека Тунис, на која земја и се здосади од кризата Ковид-19, упати повик за помош.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека Европската унија запали зелено светло за планот за спасување на Шпанија, која има за цел да подигне до 140.000 милиони евра.

Шпански „Ел Корео“ истакнува дека Шпанија стана седмата земја во која најмногу се забележува варијантата „Ламбда“ на Ковид-19.

Венецуелскиот ТВ-канал „Телесур“  истакнува дека кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Парилја ја обвини администрацијата на Соединетите Американски Држави за спроведување комуникациска кампања за дискредитација и дестабилизација на нацијата.

Русксиот весник „Известија“ истакнува дека  Руското Министерство за надворешни работи ја објави целта на разговорите на Москва со талибанците: „Целта е на талибанците да им се пренесат ставовите на Русија за безбедноста во регионот“.

Рускиот портал „Лента.ру“ истакнува дека Русија се искачи на 4-то место во светот по бројот на случаи „Ковид-19“ по САД, Индија и Бразил.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека „Ако Москва не преземе нешто против руските хакери, тоа ќе го сторат САД“.



Слични вести