Странски печат 13.07.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1674396
Странски печат 13.07.2021

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Во пожарот што избувна во една болница во изолација во која се сместени заболени лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во јужниот дел на Ирак, животите ги загубија најмалку 41 лице.

Истиот арапски весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Соединетите Американски Држави (САД) истакнаа дека датумот за повторно започнување на нуклеарните преговори може да го определи само Иран.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изјави дека Турција ќе зачекори во највисоката лига на светот.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Англиската полиција започна истрага поради расистичките реторики против тројцата фудбалери на англиската фудбалска репрезентација од африканско потекло, кои не успеаја да реализираат пенали на одиграното финале на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Новиот владин кабин во Шпанија подготвува подобрувања за Каталонија и ќе предложи дијалог за повторно разгледување на неопходните наслови коишто треба да се решат.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во врска со протестите во Куба истакна дека ѝ дава целосна поддршка на револуционерната Влада.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез истакна дека не знае точно за димензиите на проблемот во Куба, но дека ембаргата не се хумани.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Амбасадорот на Русија во САД Анатоли Антонов побара од Вашингтон да покажува почит кон Москва.

Рускиот весник „Известија“: Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Донбас нема потреба од Украина.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: На меѓународниот саем за воздухопловство и вселена што се одржува во Москва „МАКС-2021“ ќе биде претставен нов руски воен авион.

Францускиот весникЛе Фигаро“: 58 отсто од Французите мислат дека не треба да се одржат Олимписките игри 2020 во Токио.

Францускиот весникЛе Монд“: Според францускиот министер за здравство Оливие Веран, здравствените работници кои нема да се вакцинираат против Ковид-19 до 15 септември не ќе можат повеќе да работат и да примаат плата.

Швајцарскиот весникЛе Темпс“: Поради поројните врнежи од дожд синоќа во Цирих во Швајцарија дојде до прекин во јавниот превоз.

 



Слични вести