Странски печат 08.07.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1671942
Странски печат 08.07.2021

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Делта варијантата продолжува да напредува со голема брзина во Шпанија. Досега е утврдена во четири автономни региони.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Новиот закон за национална безбедност во Шпанија ќе стане причина за елиминирање на контролите на Владата за транспарентност над јавните набавки особено за време на сериозни и кризни ситуации. Од нацртот отворено се подразбира тоа.

Венецуелскиот телевизиски канал„ТелеСур“: Уругвај соопшти дека ќе преговара за трговските договори со трети земји надвор од Заедничкиот пазар на Јужна Америка „Меркосур“.

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Извршена саботажа на далновод, за дистрибуција на електрична енергија, во градот Киркук.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Прва средба со еден арапски лидер по изборот... Американскиот претседател Џо Бајден на 19 јули ќе го прчеека јорданскиот крал Абдулах.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Голема експлозија во пристаништето „Џебел Али“ во Дубаи.

Германскиот информативен портал „t-online.de“: Трансфер на поранешната италијанска фудбалска ѕвезда Марио Балотели во Турција кадешто во новата фудбалска сезона ќе игра за екипата на Адана Демирспор.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Извозот во 2020 година: Кина, ги остави зад себе во извозот германските производители на машини.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп покрена тужба против Твитер, Фејсбук и Гугл, поради отстранување на неговите содржини.

Рускиот информативен портал „BMF.RU“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Соединетите Американски Држави (САД) го прифатија поразот на нивната 20 годишна мисија во Авганистан.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека иако Русија и Јапонија не можат да се договорат по прашањето на мировниот договор, можат без недостатоци (целосно) да ги продолжат меѓусебните дипломатски контакти.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Поранешниот претседател на Молдавија Игор Додон истакна дека за подобрување на состојбата во земјата постои потреба од донесување на итни одлуки и формирање на нова Влада.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: По атентатот во кој беше убиен претседателот на Хаити, се убиени четворица платеници, двајца се приведени.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Портпаролот на Владата на Франција Габриел Атал предупреди дека ширењето на заразата со делта варијантата на коронавирусот секоја недела се зголемува двократно.

Францускиот весникЛе Монд“: ЕВРО 2020: Англија ја победи Данска со 2:1 и за прв пат во својата историја се пласира во финалето.

 



Слични вести