Странски печат 07.07.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1671341
Странски печат 07.07.2021

 

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ истакнува дека на аеродромот Ербил во Северен Ирак беше извршен во ракетен напад.

Истоимениот весник во една друга вест истакнува дека Иран ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за намерата за производство на збогатен ураниум до 20 отсто и Вашингтон овој настан го нарече „несреќен чекор назад“.

Јорданскиот весник „Ал-Дастур“ истакнува дека Султанатот Оман донесе одлука за целосно затворање и ограничување на земјата за време на Курбан Бајрам (од 20 до 24 јули) против новиот вид епидемија на коронавирус.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ ја објавува зијавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека рапидно се влошува ситуацијата во Авганистан.

Рускиот весник „Ведомости“ истакнува дека Русија ги ослободи оние кои ќе патуваат во странство по 10 јули, без оглед на тоа дали биле вакцинирани или имале болест, од обврската да направат ПЦР-тест по враќањето.

Весникот „Известија“ истакнува дека откако Украина изнесе антируски нацрт-закон, руската делегација го напушти состанокот на Парламентарната асамблеја на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Шпанскиот весник „Ел Паис“ во веста посветена на мерките против Ковид-19 во Шпанија, Каталонија од овој викенд ги затвора местата за ноќна забава.

Аргентинскиот весник „Инфобае“ истакнува дека во Колумбија воведени се доживотни казни за силувачи и убијци на деца.

Шпанскиот весник „Ел Марка“ истакнува дека натпреварот Италија - Шпанија на Европски куп 2020 во регуларното време заврши 1-1. Шпанија битката за натамошни квлаификации ја загуби на пенали, поради што не можеше да се пласира во финалето.

Францускиот меѓународен телевизиски канал „Франс 24“  истакнува дека Италија ја елиминираше Шпанија на пенали и се пласираше во финалето на Евро-2021.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува дека јасното оживување на епидемијата „Ковид-19“ во Париз, главниот град на Франција, ги загрижува властите.

Францускиот весник „Ле Монд“ во веста посветена на Ковид-19 истакнува дела нов бран во Шпанија со „многу силна брзина на ширење“.

Германската ТВ-куќа „Дојче веле“ истакнува дека Германија ги олабави ограничувањата за патувања за 5 земји.

Германскиот портал „Tagesschau.de“ истакнува дека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко како одговор на санкциите, на Германија и се заканува со имигранти.

Германски „Тагесшпигел“ истакнува дека покраините во Германија, сакаат да дозволат одржување на манифестации со 25.000 гледачи.



Слични вести