Странски печат 06.07.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1670627
Странски печат 06.07.2021

 

Јорданскиот весник „Ал-Дастур“ истакнува дека Израел продолжува да го спречува влегувањето на суровините што се користат во производството на детергенти во палестинскиот појас Газа.

Арапскиот весник „Ал-Кудс ал-Араби“ кој се објавува во Велика Британија истакнува дека авионот на премиерот на владата на националното единство  на Либија, Абдулхамид Дибејбе го напушти аеродромот во Тобрук, Либија. По намерното отсекување на струјата  на пистата од непознати лица, благодарение на светлата на автомобилите премиерот го напушти аеродромот.

Катарскиот весник „Ал-Раје ал-Катарије“ истакнува дека катарскиот премиер и министер за внатрешни работи шеикот Калид бин Калифа бин Абдулазиз Ал-Сани,  го прими амбасадорот на Саудиска Арабија, Мансур бин Калид бин Абдулах ал-Ферхан Ал-Сауд.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека расте бројот на летовите од Русија кон Турција.

Грманскиот веб портал „ard.de“ истакнува дека 38 отсто од популацијата во Германија се вакцинирале со две дози против новиот вид коронавирус (Ковид-19), а 55 отсто ја примиле својата прва доза.

Германскиот портал „zdf.de“ истакнува дека во Европа се намалува потрошувачката на месо.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ ја објавува изјавата ма рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека Москва остро ќе одговори доколку Вашингтон преземе непријателски активности.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека изгубена е комуникацијата со авионот Ан-26 на полуостровот Камчатка. Во авионот имало 29 лица.

Агенцијата „Регнум“ истакнува дека на средбата на индонезискиот министер за надворешни работи Ретно Марсуди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се разговарало за подготовките за можната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Индонезија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека само пет автономни региони (во Шпанија) отворија термини за вакцинација против Ковид за сите граѓани над дваесет годишна возраст.

Аргентинскиот весник „Инфобае“ истакнува дека претседателот на Никарагва Даниел Ортега, на политичките затвореници не им дозволува да ги посетуваат своите адвокати или роднини.

Кубанскиот весник „Пренса Латина“ истакнува дека Владата на американскиот претседателот Џо Бајден ја одобри политиката на поранешниот претседател Доналд Трамп кон Куба.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека француската влада бара вистински метод за зголемување на вакцинацијата против Ковид-19.

Француски „Франс 24“ истакнува дека Канскиот филмски фестивал се враќа со големо кино шоу.

Францускиот ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека британскиот премиер Борис Џонсон објави дека на 19 јули здравствените ограничувања ќе бидат укинати здравствените забрани.



Слични вести