Странски печат 05.07.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1669866
Странски печат 05.07.2021

Катарскиот весник „Ал Ватан“: Катар и Јордан потпишаа безбедносен договор.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Светот утре (на 6 јуни, вторник) ќе се наоѓа на најоддалечено растојание од Сонцето.

Оманскиот весник „Ал Ватан“: Висока воена делегација предводена од командантот на флотата на Оман генерал Бахри Сејф Бин Насир Ел-Рахби , утрово отпатува во посета на Велика Британија.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Азербејџан ослободи 15 ерменски затвореници.

Германскиот информативен портал „Tagesschaı.de“: Политичарите и експертите во Германија бараат да им се изрекува парична казна на лицата кои не одат на своите закажани термини за вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Германската новинска агенција „ДПА“: Кинеските астронаути кои се наоѓаат во новата вселенска станица на Кина, ја реализираа првата вселенска прошетка.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Едно спроведено истражување во Шпанија покажа дека населеното на 35 годишна возраст и надоле е безволно во однос на прашања како штто се излегување на кирија или купување куќа, а поради причини како што се невработеноста, високите цени и грижите за во иднина.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Според едно истражување на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Соединетите Американски Држави (САД), само 0,8 отсто од населението на Венецуела е вакцинирано против Ковид-19.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Медицинските сестри во Шпанија бегаат од центрите за нега на старци. Моментално во центрите за нега за старци (домовите за старци) постои недостаток од некаде околу 15 илјади негуватели.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Делта варијантата на Ковид-19: Францускиот министер за здравство Оливер Веран предупреди дека почнувајќи од крајот на јули може да дојде до четврти бран на пандемијата.

Францускиот весник „Либерасјон“: Треба да се обелодени што стана со милиони евра кои ги снема во Ватикан кадешто се води судски процес за проневера на пари.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Во Франција постепено се зголемуваат притисоците за задолжително вакцинирање против Ковид-19.

 



Слични вести