Странски печат 25.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1664508
Странски печат 25.06.2021

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон:  Foreign Policy: (Францускиот претседател Емануел) Макрон е делумно одговорен од неуспехот на планот за спасување на Либан. 

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Асошиетед прес (во веста ослонувајќи се на надлежни): Вашингтон повлекувањето од Авганистан во голема мера ќе го заврши за две недели.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Вашингтон истакна дека Техеран беше неуспешен во лансирањето на една своја ракета, а, Техеран демантира.

Францускиот весник „Ле Монд“: Во Канада откриени нови безимени гробови на просторот на еден интернат во кој учат домородни деца.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Европската унија (ЕУ) ја исклучи можноста за одржување самит со рускиот претседател Владимир Путин.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: При уривање на една зграда во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) едно лице го загуби животот, а 99 лица се водат како исчезнати.

Германскиот информативен портал „Tagesschau“: Германската канцеларка Ангела Меркел: Треба да ја унапредиме стратешката соработка со Турција.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле “: Германците во последните недели ги интензивираа резервациите за одмор.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Претседателот на Владата на Шпанија Педро Санчез, по донесеното делумно помилување за затворениците од Каталонскиот процес се соочува со интензивни критики на претставниците на централната десница во Конгресот.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Во Шпанија стапува во примена законот за евтаназија кој беше усвоен во март.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Трговскиот договор на сојузничките народи на Боливарците за Латиноамериканските народи, го одржа Самитот на шефови на држави и претседатели на влади во главниот град на Венецуела, Каракас.

Руската новинска агенција „ТАСС“: На Лидерскиот самит на Еврпската унија (ЕУ) во Брисел е одбиена иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за средба на лидерите на Европската унија (ЕУ) со рускиот претседател Владимир Путин. .

Рускиот весник „Известија“: При уривање на хеликоптер од типот Ми-8 во регионот на Ленинград животите ги загубија 3 лица.

Рускиот информативен портал „РБК“: Како што се истакнува руската државјанка опозиционерка Софија Сапега која еше приведена во главниот град на Белорусија, Минск, е ставена во домашен затвор (Сапега беше уапсена заедно со белорускиот новинар Роман Протасевиќ по принудното спуштање во Минск на авионот на "Рајанер" којшто леташе од Атина за Вилниус).

 



Слични вести