Странски печат 23.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1663154
Странски печат 23.06.2021

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Претседателските избори во Франција ќе се одржат на 10 и 24 април 2022 година.

Францускиот весникЛе Монд“: Ковид-19 во светот: Италија ќе ги симне маските (ќе биде укинато задолжителното носење на маски). Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена од олабавувањето на мерките по повод ЕВРО 2020.

Белгискиот весникЛе Суар“: Валонците во Белгија кои отворено ја одбиваат вакцината против коронавирусот од крајот на овој месец ќе имаат втора шанса.

Германскиот информативен портал „Stern.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел ја прими втората доза вакцина.

Швајцарскиот информативен портал „travelnews.ch“: Турција планира да ја продолжи туристичката сезона.

Германскиот весник „ard.de“: Социјал-демократската партија (СПД) бара во училиштата како странски јазици да се изучуваат и турскиот и грчкиот јазик. 

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Еврејските доселеници упаднаа во Месџид-и Акса, во Ерусалим (Кудс) и Западниот Брег имаше апсења.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: (Претседателот Реџеп Тајјип) Ердоган: Вирусот на расизмот е поопасен од коронавирусот и медиумите и организациите за човекови права ги изоставуваат од вид нападите насочени против муслиманите.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Повлекувањето на системите Патриот од страна на (Секретаријатот за одбрана) Пентагон може да ги усмери земјите од Блискиот исток кон руските (одбранбени системи) С-400 или кон кинеските Х-Qiu-9.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанската Влада за започнување на нов период на дијалог го одобри делумното и условно помилување за уапсените во каталонскиот процес (прогласувањето на независност од страна на Каталонија во октомври 2017 година.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Соединетите Американски Држави (САД) се подготвуваат да донесат нов закон за зголемување на притисокот врз режимот на претседателот на Никарагва Даниел Ортега.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела ги потврдија стратешките односи помеѓу двете земји.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Амбасадата на Русија во Ва3ги повика Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници да не ги реализираат воените вежби "Sea Breeze - 2021" во Црното Море. .

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Пратеничката на Левичарската партија во Федералниот Парламен на Германија (Бундестагот) Севим Даделен во напишаниот напис за весникот "nd.DerTag" соопшти дека Владата во Берлин која ги зголеми одбранбените трошоци се подготвува за војна против Русија.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: По соопштението дека повторно ќе започнат летовите со Турција, цената на туристичките патувања кон Турција во Русија се зголеми речиси за двократно.

 



Слични вести