Странски печат 21.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1661955
Странски печат 21.06.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека е на страната на нов договор за мигрантите со Турција. 

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Една нова студија во врска со коронавирусот покажа дека ПЦР тестовите не можат да се прифатат за потпира за ограничувањата. Студијата на Универзитетот Дуизбург/Есен не можеше да достигне до наоди дека секој позитивен случај го шири и вирусот. 

Катарскиот весник „Ал Ватан“: Либанскиот претседател Мишел Авн го прими високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел. 

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Арапската лига (АЛ) упати повик за, зголемување на напорите за спречување на ширењето на коронавирусот меѓу мигрантите. 

Оманскиот весник „Ал Ватан“: Арапските министри за информирање се состанаа во египетскиот главен град Каиро. 

Францускиот весникЛе Монд“: Регионални избори 2021 (во Франција). Резултатите од првата рунда ги потресоа стратегиите за претседател на актуелниот претседател (Емануел) Макрон и (Марин) Ле Пен. .

Францускиот весникЛе Фигаро“: Градот Бордо во Франција: Се срушија две згради најмалку три лица се повредени.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и се закани на Русија со турските беспилотни летала (ИХА) „Бајрактар“.

Рускиот весник „Известија“: Советникот за безбедност на Белата куќа Џејк Саливан соопшти нови санкции против Русија поради апсењето на рускиот опозиционери Алексеј Навални.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за турската новинска Агенција Анадолија „АА“ рече дека НАТО од 2008 година не прави ништо за членството на Украина.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Куба соопшти дека во прелиминарните студии на вакцината „Соберана“ е достигнато до ефикасност од 62 отсто против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Иран тврди дека располага со потребните документи за повторно активирање на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPoA) .

Мексиканскиот весник „Ел Универсал“: Соединетите Американски Држави (САД) ограничувањата на границите со Мексико и Канада ги продолжи до 21 јули.

 



Слични вести