Странски печат 16.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1658989
Странски печат 16.06.2021

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Во Германија во периодот на пандемијата дојде до раст на екстремнодесничарските движења.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Според едно анкетирање во Европската унија (ЕУ), мнозинството од Европејците мисли дека се зголемува корупцијата во нивните земји.

Германскиот информативен портал „ard.de“: Инфлацијата во Германија на највисоко ниво во последните 10 години.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Парадата на знамето (на екстремнодесничарските Евреи) во Ерусалим (Кудс), првиот испит на израелската Влада на чело со Нафтали Бенет.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Израел реализира воздушен напад врз Појасот Газа.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на итна седница за консултација во врска со случувањата по прашањето на Браната Нахда.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Коронавирусот се појави во САД почнувајќи од декември 2019 година.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Заврши рокот на самоизолација (поради Ковид-19) на францускиот премиер Жан Кастекс кој може да учествува на состанокот на Министерскиот совет.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: ЕВРО 2020: Франција ја победи Германија во Минхен со резултат од 1:0.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Кралската комора во Шпанија вознемирена поради тоа што се наоѓа во центарот на политичката дискусија по прашањето на помилувањето на затворениците од Процесот на Каталонија.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: 13 отсто од ултра богатите за време на епидемијата на Ковид-19 во Шпанија во голема мера го  изгубија своето богатство.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Педро Кастило ги доби претседателските избори во Перу. Според соопштените резултати од страна на Канцеларијата за национални изборни процеси на Перу (ОНПЕ), кандидатот на партијата Перу Либде (Слободно Перу) Педро Кастило освои 50,125 отсто од гласови (8 милиони 835 илјади 579 гласови), а кандидатката на партијата Фуерза Популар (Народна сила) Кеико Фуџимори 49,875 отсто од гласовите (8 милиони 791 илјада 521 глас).

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Научниците од Универзитетот Санкт Петербург мислат дека на средината на месец јули во Русија може да дојде до пик во случаите на инфектирани од коронавирусот.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Портпаролот на претседателскиот дворец (Кремљ) на Русија Дмитри Песков истакна дека недостатокот (дефицитот) од дијалог помеѓу Русија и САД е поголем дури и од периодот на СССР, но дека спротивно на тоа има голем број прашања за коишто треба да се зборува.

Рускиот весник „Известија“: Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео истакна дека тоа што американскиот претседател Џо Бајден по средбата со рускиот претседател Владимир Путин ќе ја остварат денеска (16 јуни, среда) не сакаше да учествува на заедничка прес-конференција, е показател за немоќноста на претседателот (Бајден).

 



Слични вести