Странски печат 10.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1655359
Странски печат 10.06.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Додека продолжува одбројувањето во врска со првата директна средба лице  в лице помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден на 14 јуни во Брисел, на линијата Анкара-Вашингтон се доживува "историски дипломатски процес на преговори".

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Во покраината Есен во Германија е реализирано пребарување и претрес во домовите на 20 полицајци со сомневање дека споделување објави во расистички групи за испраќање пораки. 

Германскиот информативен порталHandelsblatt.com“: Најголемиот снабдувач за автомобили во светот Бош со инвестиција од 1 милијарда евра формира фабрика за производство на чипови за автомобили. 

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Протест поради изолација или израз на  подлабок револт? Случајот со шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон стана причина за поделба во Франција.

Францускиот весникЛе Монд“: Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден„сака Рускиот претседател Владимир Путин и Кина да знаат дека САД и Европа се обединети“.

Францускиот телевизиски каналЛе Матен“: Во швајцарскиот град Женева е забележан загрижувачки раст во случаите на маларија.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“:  Растат провокациите на еврејските доселеници на окупираните палестински територии и Вашингтон упатува повик за смиреност.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“:  Во експлозија чија цел беше патролно возило во областа на градот Хасеке во Сирија загина еден руски војник, тројца војници се ранети.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Координаторката за хуманитарна помош на Обединетите нации во Палестина Лин Хастингс упати повик до меѓународната заедница и институциите да направат повеќе за да му помогнат на народот во Газа.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Научниците во Шпанија открија генкојшто обезбедува голем број луѓе да го пребродат коронавирусот без да покажат симптоми за инфектирање.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Европскиот Парламент соопшти дека Мароко не е во право во бегалската криза што се доживува во шпанскиот пограничен град Цеута.

Венецуелскиот весник „Ел Национал “: Кеико Фуџимори која е страната која изгуби на изборите во Перу бара да бидат прогласени за неважечки приближно 200 илјади гласови.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Летовите помеѓу Русија и Турција можат да започнат во јули.

Рускиот весник „Комсомолскаја правда“: Рускиот претседател Владимир Путин: Има многу работи за коишто треба да зборувам со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во односите помеѓу Русија и Украина се натрупани голем број проблеми.“

Рускиот весник „Русискаја газета“: Градскиот суд на Москва ги прогласи за екстремистички фондовите коишто се контролирани од страна на рускиот опозиционер Алексеј Навални и ги ликвидира овие фондови.

 



Слични вести