Странски печат 08.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1653736
Странски печат 08.06.2021

Белгискиот весникЛе Суар“: Надлежни во главниот град на Белгија, Брисел соопштија дека почнувајќи од 9 јуни нема да биде задолжително да се носат маски, со исклучк на прометни места кадешто има гужва и на улиците кадешто се пазарува (се врши купо-продажба).

Францускиот весникЛе Монд“: Ковид-19 во светот: Шпанија повторно ги отовра своите граници за вакцинираните туристи.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Според едно истражување, кај приближно една четвртина полициски службеници постои „мислење за самоубиство“.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Либан: Протестирачите ги блокираа патиштата во знак на протестирање против прекините на нафта и електрична енергија.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Предупредувањата на палестинскиот отпор ја усмерија израелската армија кон распоредување на Железната купола и подготовките на жителите на Ерусалим (Кудс) ги понудија доселениците да ги откажат своите провоцирачки активности и упади.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Арапската лига го предупреди Израел по прашањето на преземање на било каква акција којашто ќе ја влоши состојбата во Ерусалим (Кудс).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија го става во примена дигиталниот сертификат за патување во Европа.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Шпанскиот премиер Педро Санчез и премиерот на Владата во Каталонија Пере Арагонес се договорија по прашањето на започнување нов дијалог и фаза на договор.

Перуанскиот весник „Ел Комерцио“: Националниот изборен совет соопшти дека по одржаните избори во Перу се преброени 93,66 отсто од гласовите и дека според тоа Педро кастило освои 50.18 отсто, а Кеико Фужимори 49,82 отсто од гласовите.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Возраста за пензионирање во германија може да биде 68 години. Пратениците велат дека доколку возраста за пензионирање не биде 68 години постои можност за соочување со економска криза.

Германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“: Институтот Роберт Кох соопштува дека во Германија постепено се регисрираат помал број на случаи на инфектирани од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Руската новинска агенција „ТАСС“: Кина соопшти дека е спремна за интензивирање на дијалогот со Руската Федерација по прашањето на проблемот на Корејскиот полуостров.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо бајден оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски кого го покани ова лето во посета на Вашингтон.

Рускиот весник „РБК“: Амбасадата на Русија во Соединетите Американски Држави (САД) го оцени како провокација учеството на САД на воените вежби „Arctic Challenge Exercise“ („Вежба за Арктички предизвик“) во Скандинавието..

 



Слични вести