Странски печат 07.06.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1653098
Странски печат 07.06.2021

 

Руската новинска агенција ТАСС ја објавува изјавата на Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко кој рече дека во повеќе од половина од земјата, стапката на смртност паднала на нивото пред Ковид-19.

Руската новински веб портал „Лента.ру“ кистакнува дека украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека е изненаден од одлуката на САД за невоведување санкции за гасоводот „Северен поток-2“ (изграден од Русија).

Руската новинска агенција „РИА Новости“ истакнува дела државниот секретар на САД, Антони Блинкен изјави дека тие се подготвени да соработуваат, доколку Русија ја смени својата политика, но се сомнева дека Москва ќе објави таква намера на средбата на американскиот претседател Џо Бајден со рускиот претседател Владимир Путин закажана на 16 јуни.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ истакнува дека израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази го предупреди привремениот премиер Бенјамин Нетанјаху за опасноста од зголемување на напнатоста околу џамијата Ал Акса.

Јорданскиот весник „Ал-дустур“ истакнува дека САД се загрижени за ситуацијата во Ерусалим и можноста за нов напад врз Газа.

Катарскиот информативен ТВ-канал „Ал Џезира“ истакнува дека растат предупредувањата од Египет и Судан во врска со браната Нахда. Армијата на Етиопија исто така потврди дека е подготвена да одбие каков било напад.

Австрискиот весник „Дер Стандард“ истакнува дека руската влада, гасоводниот „Северен тек 2“ планира да го заврши до крајот на годината.

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) победи со голема разлика пред партијата Алтернатива за Германија (АфД) на изборите за покраинското собрание во Саксонија-Анхалт.

Германски „Spiegel.de“ во веста посветена на компензацијата за корона - поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради епидемијата на коронавирус од Кина побарала 10 трилиони долари отштета.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека запреа разговорите за реформата „Закон за безбедноста на граѓаните“. Шпанското Министерство за внатрешни работи инсистира на брзо враќање на мигрантите фатени на границата и покрај противењето на владиниот партнер Унидас Подемос.

Мексиканскиот весник „Ел Универзал“ истакнува дека Соединетите Американски Држави (САД) му честитаа на Мексико за „успешниот изборен процес“.

Перуанскиот весник „Ел Комерсио“ истакнува дека  на општите избори во Перу: Кеико Фуџимори достигна 52,4 отсто; Педро Кастилјо 47,5 отсто.

Францускиот „Ле Паризиен“ истакнува дека Франција останува најатрактивната земја во Европа кога станува збор за странски инвестиции.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека претседателот Емануел Макрон сака да го искористи подобрувањето на здравствената состојба на земјата за да ја започне „модернизацијата“ на земјата.

Француски „Ле Фигаро“ истакнува дека Франција да биде домаќин на стотици авганистански работници изложени на ризик.



Слични вести