Странски печат 04.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1651716
Странски печат 04.06.2021

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Неопходен услов за влез во Шпанија почнувајќи од 7 јуни од сите земји без ограничување е најпрвин пред најмалку 14 дена да се биде вакциниран против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Колумбискиот претседател Иван Дуке: Колумбија пати од вандализам и градски терор.

Венецуелскиот весник „ТелеСур“: Десетиот административен суд Попајан во Колумбија ја забрани употребата на системот за истрелување на муниција „Веном“ од страна на полицијата, против протестирачите.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“ кој се објавува во Лондон: Меѓународниот економски форум Санкт Петербург (SPIEF) кој се одржува во Русија секоја година, отвора нови хоризонти за соработка со Русија.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Соопштение од Јордан, Египет и Франција за координирање на помошта за палестинските територии во Газа.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Вашингтон: Ќе продолжи силната поддршка на Израел без оглед на промената на Владата во оваа земја.

Германскиот информативен портал „Zeit.de“: Од страна на Русија повторно е дадена дозвола за летовите на германската Авиокомпанија Луфтханза.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Ковид-19: Во светот се администрирани 2 милијарди дози вакцини.

Францускиот весникЛе Монд“: Франција ја суспендира билатералната воена соработка со Мали.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Ковид-19 во Франција: Почнувајќи од 15 јуни ќе се врши вакцинација на деца од 12 до 18 години.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Белорускиот новинар Роман Протасевич чиј авион беше принудно спуштен во Минск и притоа беше притворен беше изнесен пред суд и притоа го призна обвинението за организирање на протестите без дозвола, за нарушување на општествениот мир.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ или Russian Direct Investment Fund) соопшти дека експертите на Европската агенција за лекови (ЕМА) ги испитуваат условите за производство на вакцината „Спутник В“ („Sputnik V“) и дека и покрај акцијата за дезинформација којашто се води против вакцината засега не е изнесен бил каков сериозен коментар со критика.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Портпаролот на рускиот претседателски дворец Кремљ Дмитриј Песков истакна дека не треба да се држат премногу високо очекувањата во врска со средбата помеѓу рускиот претседателк Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден за која се очекува да се оствари на 16 јуни.

 



Слични вести