Странски печат 03.06.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1650834
Странски печат 03.06.2021

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Во Германија ќе растат платите во Домовите за старци.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: На 7 јуни во Германија завршува применувањето на приоритена вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Организацијата за меѓународен труд (ИЛО) соопшти дека повеќе од 100 милиони работници во светски рамки поради пандемијата на Ковид-19 запаѓаат во сиромаштија.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Некои членови во Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) посакаа да се дозволи влез на хуманитарната помош во Газа.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: „Армија која ги убива жените“... Ужасната приказна на 39'те шехиди во Газа.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“ кој се објавува во Лондон: Турција и Катар се поврзани со силни институционални врски.

Францускиот весникЛе Монд“: Опозицискиот лидер во Израел Јаир Лапид соопшти дека формира коалиција за составување на новата Влада.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Социјалните мрежи нова точка на трговијата со опојни дроги.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Итните повици во Франција поради дефект во доставувачот на услуга Оранж извесно време не можеа да пружаат услуга. .

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Франција почнувајќи од 15 јуни ќе ги вакцинира младите на возраст од 12 до 18 години.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Хуан Гуаидо (самопрогласениот претседател на Венецуела) го осуди апсењето на Кристина Чаморо, опозициската лидерка во Никарагва.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Комитетот за невработеност, по средбата со колумбиската Влада на која не можеше да се постигне договор прогласи нова мобилизација.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Според спроведените анкети во Русија, мнозинството од населението е спремно да плаќа поголеми даноци под услов државата да им доставува поголема поддршка на граѓаните со ниски примања.

Рускиот весник „РБК“: Активностите на странските инвеститори во Русија опаднаа до нивото од 2014 година.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко рече дека во епидемијата на Ковид-19 во Русија не е доживеан трет бран и дека опаднаа бројките на инфектирани во сите области на земјата.



Слични вести