Странски печат 20.05.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1642429
Странски печат 20.05.2021

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Еден палестински функционер упати повик за поддршка од Катар и Арапските земји за доставување на хуманитарна помош на Газа кадешто продолжуваат израелските напади. 

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Конгресменката во САД Александриа Окасио-Кортез ги предводи напорите во Конгресот за спречување на продажбата на оружје на Израел.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: (Еврејските) Доселениците ги нападнаа христијанските верски личности во окупираниот Ерусалим (Кудс).

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Додека Европејците продолжуваат да зборуваат дека е постигнат напредок во иранските нуклеарни преговори во главниот град на Австрија, Виена, постигнувањето договор „е многу далеку“.

Германскиот весник „Тагесшпигел“: Германската министерка за семејство Франциска Гифлеј поради поништување на нејзината докторска дисертација поради плагијат, поднесе оставка.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: По одлуката на Кина за забрана за трансакции крипто парите доживеаја остар пад.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Секоја година исчезнува дождова шума во големина на Данска.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанија смета дека кризата во врска со илјадници мигранти кои за два дена од Мароко дојдоа во пограничниот град Цеута треба да биде во својство на предупредување за Европа.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Како резултат на притисоците од шпанската јавност и Европа шпанската Влада им дозволи влез на мигрантите од Мароко, меѓутоа се тврди дека назад останаа голем број деца.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Бројот на починатите здравствени работници поради Ковид-19 во Венецуела надмина 500 илјади лица.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Европската унија дозволува влез за вакцинираните патници кои доаѓаат од трети земји.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Бројот на раселените лица во 2020 година во светот достигна до 55 милиони.

Францускиот весникЛе Монд“: И покрај затворањето загаденоста на воздухот во областа на Париз во 2020 година беше на високо ниво.

Рускиот весник „Известија“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека оствариле конструктивен разговор со својот американски колега. 

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Комитетот за меѓународни односи на Претставничкиот дом на САД го поддржа нацрт законот со кој и се забранува на федералната администрација да ја прифати сувереноста на Русија над Крим и преземањето на секој вид чекор којшто би имал такво значење.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека ќе се преземат мерки на одмазда во врска со протерувањето на еден руски дипломат од Северна Македонија.

 



Слични вести