Странски печат 17.05.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1640553
Странски печат 17.05.2021

 

Катарскиот весник „Ал-Раја Ал-Катарија“ истакнува дека претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп оствари средба со претседателот на Советот на Катар, Ахмет Ал-Махмут во врска со израелските напади врз Газа.

Палестинскиот весникот „Јени Хајат“ („Нов живот“ кој се објавува во Западниот брег) во веста посветена на случувањата во Газа истакнува дека бројот на жртвите во масакрот извршен од окупаторскиот Израел на улицата Ал-Вихде се искачи на 37.

Оманскиот весник „Ал-Ватан“ истакнува дека десетици лица беа жртви во нападите извршени од окупаторскиот Израел на палестинските територии. Палестинските бунтовници на Израел му одговорија со ракети.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека германската комисија за постојана вакцинација (СТИКО) соопшти дека и следната година ќе биде потребно луѓето да се вакцинираат против новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Германски „Зидојче цајтунг“ истакнува дека Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) ќе разговараат за палестинско-израелската напнатост.

Германски „Spiegel.de“ истакнува дека 32 годишниот полски напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, со 40 постигнати голови во оваа сезона го израмни рекордот на Герд Милер кој постигна најмногу голови во една сезона (1971-1972).

Францускиот весник „Ле Фигаро“ во веста посветена на Ковид-19 истакнува дека дневниот број на жртви во Франција оваа година за прв пат падна под 100.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека во Велика Британија се вакцинираа 20 милиони луѓе. Алжир делумно повторно ќе ги отвори своите граници.

Францускиот меѓународен ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека на демонстрациите за поддршка на Палестина во Франција учествуваа илјадници луѓе.

Рускиот весник “Комерсант“ истакнува дека државниот секретар на САД, Антони Блинкен, планира да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров во врска со „Северен поток-2“ (кој ќе доставува руски гас до Германија).

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека генералниот конзул на САД, Ејми Стороу, го напушти градот Екатеринбург, каде што беше на должност во Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“ во една друга вест истакнува заменик началникот на генералштабот на Белорусија Игор Корол рече дека во последно време, бомбардерите на НАТО започнаа бројни летови над регионот и демонстрираат сила, поради што НАТО може да планира воздушни напади против Белорусија и Русија.

Аргентинскиот информативен портал „Инфобае“ истакнува дека Папата Франческо (духовен водач на католичкиот свет) предупреди дека ескалацијата на насилството меѓу Израел и Палестина може да создаде спирала на смрт и уништување.

Шпанскиот весник „Ел Конфиденцијал“ во веста посветена на изборите во Чиле истакнува дека независните и опозицијата со 80 насто го освоија мнозинството.

Аргентинскиот весник „Ел Кларин“ ја објавува изјавата на аргентинскиот претседател Алберто Фернандез кој рече дека „Што побрзо сакам да постигнам договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)“.



Слични вести