Странски печат 07.05.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1635796
Странски печат 07.05.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата работна посета во Берлин се состана со Хеико Мас.

Германскиот информативен портал „tagesschau.de“: Од Федералниот Парламент, Бундестагот, помина регулативата за фундаментални права со која се ослободени од ограничувањата вакцинираните лица и лицата кои прележале Ковид-19 во Германија.

Германскиот информативен портал „sueddeutsche.de“: Германската Влада го отфрли предлогот на САД за укинување на патентот за вакцините.

Францускиот весникЛе Монд“: Ковид-19: Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека почнувајќи од 12 мај кога ќе има доволно дози вакцина, вакцинацијата ќе биде достапна за сите без ограничување на возраста.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Во пожарот што избувна во близина на градот Лион се полесно повредени 11 лица.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Франција и неколку европски земји бараат од Израел да ја сопре изградбата на нови населби на окупираните палестински територии.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Автономните Управи во Шпанија вакцините АстраЗенека кои извесно време се ставени на чекање, бараат веќе да се применуваат на лица под 60 години.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија до 13 мај ќе ги повлече од Авганистан и своите најпоследни единици.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Во Рио де Жанеиро во Бразил се појави уште една нова мутација на Ковид-19. Експерти се загрижени во однос на тоа Јужна Америка да стане колевка на најиздржливите мутации на болеста.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Катар ги проширува своите економски односи со Руската Федерација.

Јорданскиот весник Ал Дустур“: Нова вакцина против коронавирусот од Русија која се применува во една доза.

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира: Четврта рунда од преговорите во Виена... Иран: Нема било каков календар (одредено време) за потпишување на конечен нуклеарен договор.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: Еврејските доселеници стрелаа со огнено оружје врз невооружените Палестинци во квартот Шејх Џарах во Ерусалим (Кудс) и извршија напад врз поставените ифтарски маси.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека остварената посета на Киев (главниот град на Украина) помина продуктивно и дека Соединетите Американски Држави (САД) се одлучни за поддржување на реформскиот процес во Украина.

Рускиот информативен портал „РБК“: Народната Република Луганск (која еднострано ја прогласи својата независност од Украина) соопшти дека во областа нема потреба од присуство на мировни сили на Обединетите нации (ОН).

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Трговскиот обем помеѓу Русија и Кина во првите четири месеци од годината со раст од 19,4 отсто надмина 40 милијарди долари.

 



Слични вести