Странски печат 05.05.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1634312
Странски печат 05.05.2021

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Салман бин Абдулазиз. Во телефонскиот разговор беа разгледани билатералните односи. 

Јорданскиот весник Ал Дустур“: Повторно започнаа преговорите помеѓу Либан и Израел за зацртување на морските граници.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Полицаецот Дерек Човин во Соединетите Американски Држави (САД) кој беше прогласен за виновен и казнет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, побара повторно да му се суди.

Германскиот информативен портал „nex24.news“: Одбранбена технологија - Турција успешно го тестира противвоздушно одбранбениот ракетен систем од домашно производство "ХИСАР-А".

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Корона - Германската Влада ја усвои одлуката со која се предвидува да им бидат вратени фундаменталните права на вакцинираните граѓани против коронавирусот и оние кои беа инфектирани и ја пребродија болеста. 

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Земјите на Г-20 денеска ќе се состанат преку видеоконференција и ќе разговараат за повторно започнување на туризмот и неговата иднина (а којшто наиде на прекин). 

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Народната партија (ПП) на историска пресвртница за поделбата на левицата. Ги доби регионалните избори во градот Мадрид.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Лидерот на Партијата Унидас Подемос во Шпанија Пабло Иглесиас, по неуспехот на левицата во Мадрид соопшти дека ја напушта политиката.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: На протестите во Колумбија против предлогот за даночна реформа коишто продолжуваат од 28 април, животите ги загубија 31 лице. 

Францускиот весникЛе Монд“: Египет потврди дека купи од Франција 30 воени авиони „Рафал“.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Во Франција оваа недела се има за цел да бидат вакцинирани против Ковид-19 3 милиони лица.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Повик од американскиот државен секретар Антони Блинкен за применување притисок врз Русија за да ги исполни своите меѓународни одговорности.

Рускиот информативен сервис „Lenta.ru“: Американскиот секретаријат за одбрана Пентагон ја обвини Русија за прекршување на механизмот за решавање на сириската криза.

Рускиот весник „Комерсант“: Центарот за вирологија и биотехнологија на Русија „Вектор“ ги реализира клиничките испитувања на вакцината „ЕпиВакКорона“ (EpiVakKorona).

 



Слични вести