Странски печат 04.05.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1633638
Странски печат 04.05.2021

Јорданскиот весник „Ал Дустур“ истакнува дека од чамците на  израелската морнарица отворајќи оган врз рибарските кајчиња и бротчиња крај брегот на Газа, Палестина изврши напад.

Арапскиот весник „Ал-Кудс Ал-Араби“ кој се објавува во Британија истакнува дека е спречен обидот за инфилтрирање во седиштето на Централната разузнавачка агенција на Соединетите Американски Држави (САД) во сојузната држава Вирџинија.

Катарскиот весник „Ал-Раје Ал-Катарије“ истакнува дека  врз една американска воена база во Ирак бил извршен ракетен напад.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека по критиките, претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, конечно го зголеми бројот на бегалци што ќе бидат примени во неговата земја на 62.500.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека повторно на дневен ред се најде информацијата за можноста дека Ковид-19 излегол од лабораторија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека Шпанија ја постигна својата прва цел за вакцинација против Ковид-19: 5 милиони луѓе беа вакцинирани со две дози.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека за локалните избори во регионот Мадрид преземени се мерки против Ковид-19: 7.700 службеници, 5 милиони маски и 45 илјади штитиници.

Венецуелскиот ТВ-канал „ТелеСур“ истакнува дека САД повторно ги соединуваат  и обединуваат разделените имигрантски семејства (од периодот на поранешниот претседател Доналд Трамп).

Германскиот портал „Welt.de“ истакнува дека светски познатиот Октоберфест (Октомвриски фестивал) кој се одбележува во Минхен, Германија и оваа година нема да се одржи поради Ковид-19.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ истакнува дека германската влада планира исклучоци за оние кои се вакцинирани против Ковид-19.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека во врска со патувањето во Германија, ќе се оценуваат вакцините кои не се одобрени во Европската унија.

Телевизиската мрежа „Русија денес (РТ)“ истакнува дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека руската влада на исклучувањето од SWIFT (системот што обезбедува стандард за електронски трансфер на средства помеѓу банките) сè уште гледа како на претпоставка, но исто така продолжуваат студии за намалување на ризиците и потенцијалните загуби.

Руската новинска агенција „ТАСС# истакнува дека ерменскиот главен јавен обвинител поднесе тужба против шефот на државата поради двојно државјанство. Претседателот Армен Саркисјан го криел британското државјанство од јавноста.

Новинската веб-страница „РБК# истакнува дека министрите за надворешни работи на Г-7 ќе разговараат на пленарниот состанок за односите со Русија.



Слични вести