Странски печат 03.05.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1632683
Странски печат 03.05.2021

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Се формира комисија за истражување на одговорноста на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за смртта на приближно 400 илјади лица поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата. .

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Повик од Европската унија (ЕУ) до земјите членки за испитување на отпадните води. Европската унија (ЕУ) упати повик до земјите членки за испитување на системите за отпадни води за рано утврдување на вирусот Ковид-19. Европската унија (ЕУ) тоа го оценува како систем за рано (предвремено) предупредување.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Велика Британија во 2022 година ќе биде домаќин на самитот за соочување со епидемиски болести.

Либанскиот весник Ал Мустакбал“ кој се објавува во Лондон: Сончевата бура брзо напредува кон Земјата. Тоа може да влијае на сателитите.

Оманскиот весник Ал Ватан: Иран претпоставува дека Соединетите Американски држави (САД) ќе го укинат ембаргото коешто го применуваат кон нафтата и банкарскиот систем.

Колумбискиот весник „Ел Тиемпо“: По повлекувањето на даночната реформа од страна на колумбискиот претседател Иван Дуке ќе биде постигната едногласност со различни сектори и ќе се развие нов проект.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Надеж кај Народната партија (ПП) пред изборите за новиот Регионален Парламент на Мадрид на 4 мај: „Изабел Диаз Ајусо ќе прегази“.

Мексиканскиот весник „Ел Универсал“: Кај едно лице во Мексико утврдена индиска варијанта на Ковид-19.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Ковид-19: Во Франција крај поставената ограниченост од 10 километри и почеток на отворањето: Во Франција во текот на времето на затворање имаше дозвола за пешачење до растојание од 10 колометри. Отворањето по затворањето пак, почнува постепено на 3 мај (денеска).

Францускиот весникЛе Монд“: Прослави на 1 мај. Започната е истрага во врска со насилството врз поворката на ЦГТ (Конфедерацијата за Општа работа.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Стопанисување со железниците на Франција: За ова лето се изнесени на продажба 5 милони билети за по најмногу 39 евра.

Рускиот информативен сервис „Раша Тудеј“: Според весникот "The National Interest", поради изречените зборови од страна на американскиот претседател Џо Бајден во врска со Русија, Русија и Кина би можеле да одат на партнерство и оваа состојба би можела да претставува катастрофа за Соединетите Американски Држави (САД).

Руската новинска агенција „Регнум“: Претседателот на самопрогласената Народна Република Донетс во источниот дел на Украина Денис Пушилин, информира дека е спремен на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Рускиот информативен сервис „Lenta.ru“: Киргистан и Таџикистан ги повлекоа своите војници на границата. Во вооружениот судир на границата помеѓу двете земји на 29 април загинаа 34 лица.

 



Слични вести