Странски печат 30.04.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1631216
Странски печат 30.04.2021

 

Францускиот меѓународен ТВ-канал „Франс 24“  ја објавува изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека ограничувањата на полицискиот час преземени како дел од борбата против епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) ќе бидат укинати постепено помеѓу 3 мај и 30 јуни.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува дека во Франција беше утврден „првиот случај“ со индиската варијанта на Ковид-19.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека Франција воведе санкции против политичарите кои се обвинуваат за политичкиот ќорсокак во Либан.

„Ал-Кудс Ал-Араби“ ја објавува изјавата на палестинскиот претседател Махмуд Абас кој рече дека „Нема да одиме на избори без Ерусалим кој е под окупација“.

Јорданскиот весник „Ал-Дастур“ истакнува дека Соединетите Американски Држави (САД) и Иран во рок од неколку недели ќе постигнат нуклеарен договор.

Катарскиот весник „Ал-Раја“ истакнува дека Обединетите нации (ОН) упатија повик за повлекување на платениците од Либија.

Германски „Ханделсблат во веста посветена на потрошувачките цени истакнува дека инфлацијата во Германија продолжува да расте и достигна највисоко ниво во последните две години.

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека биотехнолошката компанија Бионтек со седиште во Германија ќе аплицира за одобрување вакцина за деца над 12 годишна возраст.

Германски „dpa“ истакнува дека германската авиокомпанија Луфтханза исто така објави загуби во првиот квартал од оваа година.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека повеќе од еден милион Шпанци чекаат втора доза на вакцината АстраЗенека.

Аргентинскиот весник „Инфобае“ истакнува дека Европскиот парламент (ЕП) бара бесплатниот ПЦР тест за туристите и сертификатот Ковид да бидат изземени од карантинската имплементација.

Мексиканскиот весник „Милена“ истакнува дека пратениците на Претставнички дом во Мексико ја потврдија казната до 7 години затвор за тестирање козметика врз животни.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ истакнува дека Европскиот парламентот ја одобри резолуцијата којашто содржи мерки што треба да се преземат против Русија.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ истакнува дека Германија ги утврди чекорите што ќе ги преземе во случај на евентуална војна меѓу НАТО и Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“ го објавува соопштението на администрацијата на Киргистан која објави дека во судирот меѓу војниците на двете земји на границата со Таџикистан загинале 3 киргистански граничари.



Слични вести