Странски печат 29.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1630524
Странски печат 29.04.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Според последните официјални податоци, бројот на муслиманите во Германија се зголеми на 5,5 милиони.

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Во Германија приближно една четвртина од населението примија најмалку една доза вакцина против коронавирусот.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Претседателот на Соединетите Американски Држаави (САД) Џо Бајден истакна дека не водат обиди за зглемување на тензијата со Русија.

Рускиот весник „Ведомости“: Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози руски вакцини „Спутник В“.

Рускиот весник „Известија“: Членовите на Европскиот Парламент покренаа иницијатива за исклучување на Русија од системот за меѓубанкарска финансиска комуникација SWIFT.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека го поддржуваат политичкото решение за ставање крај на спорот во Јемен.

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Додека продолжуваат преговорите за нуклеарниот договор со Иран, делегација од САД наредната недела ќе отпатува во посета на Блискиот исток.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Катарскиот емир Шејх Тамим бин Хамад Ал Тани издаде директива за испраќање итна медицинска помош на Индија.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Коронавирусот: Во Шпанија аларм поради индиската мутација; сомневања постојат, но засега не е потврдено.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Едно истражување стави до знаење дека граѓаните на Мали се трета група со најголеми барања за азил во Шпанија.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ): „Венецуела се искачи на првото место според процентот на невработеност.“

Францускиот весникЛе Монд“: Еден човек кој од страна на полицијата во САД беше легнат на земјата, умре под усти услови како Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Во Франција ќе бидат казнети 18 војници кои објавија контроверзен напис (предупредија за граѓанска војна).

Швајцарскиот весникЛе Темпс“: Во Франција се фатени 7 мина поранешни италијански елкстремно левичарски терористи.

 



Слични вести